Бебе родено со лице ,,маска,, – го чека тешка операција (Видео/Фото)


Неможе да јаде, неможе да се смее, селаните соседи го гледаат како атракција и ја вознемируваат мајката, семејството ја советувало да го фрли бебето – но наместо тоа таа му дала повеќе љубов, а сега има и  надеж дека бебенцето ќе има нормален живот.

Многу редок случај на таканаречено лице ,,маска,, е маката на една мајка од Кина, чие бебенце се родило со овој деформитет. Бебенцето има изместено лице, поделено на два дела што изгледа како да има маска.

Бебенцето Zhao Huikang пати од потешка форма на macrostomia, состојба која се манифестира со абнормално широка уста, објавува Shanghai Daily.

 

Спстојбата на Zhao може да се поправи, но тој е роден во сиромашна фамилија во руралниот дел на провинцијата Hunan. А кога се родил, семејството на мајката Yi Zilian ја охрабрувале да го напушти и остави некаде, но таа одбила.

” Наместо тоа, јас се обидов да му дадам уште повеќе љубов, повеќе грижа и да се обидам да живее нормално, иако сите го гледаа како циркуска атракција,,

Не и било лесно. Откако се дознало за бебенцето луѓе доаѓале во нејзиниот дом за да го видат бебето со ,,лице маска,, некои се смееле некои вчудоневидено го гледале, некои се грозеле, а сето тоа влијаело и на Зао. Мајка му вели секогаш бил вознемирен, но таа немала како да ги одврати луѓето, ги бркала но тие сами влегувале и преку прозорите ѕиркале да го видат бебето. Сепак сега мајката вели – можеби треба да сум им благодарна за интересот на тие луѓе, зошто поради нив приказната се прошири и кај нас дојдоа и новинари,, Неколку години откако приказната за Зао ја пренесоа новинарите сега има конкретни обиди со здружени сили неколку лекари да се обидат да ја отстранат аномалијата на лицето на Зао.

Имено откако се расчула приказната, медиумите известиле за бебенцето, а интерес веднаш појавиле и лекарите. Приказната ја објавил и угледниот магазин за здравство ,,Хелт Хуб,, што привлекло и странски лекари да се заинтересираат за бебето.

По големиот интерес болницата во Шангај сега обезбедува бесплатна операција за да се исправи деформитетот на бебенцето, а операцијата ќе ја изведе доктор Ren Tianping. Сепак вели дека нема да успее од една операција, малиот Зао можеби ќе мора да биде подложен на неколку операции низ годините како ќе расте.

” Дополнителен проблем е што поради овој фацијален деформитет, малиот неможе ни да џвака и затоа пати и од неухранетост и затоа операцијата е итна, оваа првата ќе се фокусираме на тоа, за да може да јаде” вели Др Tianping.

Операциите треба да ги поправат неговите коски на лицето, мускулите, лекарите сепак не се сигурни дека сето тоа ќе биде успешно.

,,Благодарна сум што има надеж и што барем ќе се обидат, се јавија и лекари од странство, сите ќе помогнат, мојот Зао има шанса,, вели благодарната мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1