Внимавајте кога уплаќате летување преку интернет


Летување за половина цена од реалната, заштеда од 100 евра на викенд во Банско, екстра попусти, се само дел од многуте понуди за патувања кои може да се најдат на интернет-страниците за групни попусти.

Иако звучат многу примамливо, граѓаните мора да се особено внимателни кога купуваат ваучери за вакви аранжмани за да не бидат измамени и да останат со кратки ракави. Односно преку интернет да уплаќаат патувања само преку оние страници што поседуваат лиценца за продажба на туристички аранжмани.

Во македонското туристичко ткиво има и лакоми и несовесни патници, кои „паѓаат“ на евтини туристички понуди од нови туристички агенции. Во земјава се регистрирани повеќе од 400 туристички агенции, од кои, како што вели тој, само дваесетина работат чесно и имаат повеќегодишна успешна практика.

Потребно е клиентите сами да ги филтрираат измамите, а не да се фаќаат за понуди поевтини за две евра или, пак, да плаќаат за аранжмани во кои се нудат неверојатни престои во луксузни хотели за малку пари.

Во случаи кога туристичките аранжмани се купуваат онлајн, потребно е поголемо внимание од страна на потрошувачите и проверка дали агенцијата има лиценца А или Б. Тоа може да се провери на веб страницата на Министерството за економија.

Некогаш на онлајн ќе ви нудат услуга дека одите во феноменален хотел, а кога ќе отидете таму, потоа во поплаките се праќаат фотографии дека буквално нема ниту тоалети. На онлајн може секој да биде нашминкан, а друго е кога ќе отидете во туристичка агенција, ќе потпишете договор и ќе земете програма каква што ви нудат за парите што ги давате.

Посебно внимавајте доколку сами го организирате патувањето преку интернет. Неколку стотина туристи наседнале на лажни хотелски интернет страници и туристички агенции од Анталија, уплатувајќи големи суми на пари за лажни резервации.

Клиентите тврдат дека агенцијата составувала лажни понуди за популарнихотели во Бодрум, Анталија и Кемер. На страницата биле наведени лажни телефонски броеви на наводи хотелски службеници кои одговарале на повиците на клиентите и договарале резервации, барајќи од  гостите сумите да ги уплаќаат преку Интернет. Туристите дури добивале и комлетна документација за патување, вклучувајќи и ваучер за хотелот.

Сепак, на само два дена пред патувањето, лажните хотелски службеници им се јавувале за да ги известат дека нивната резервација е откажана, бидејќи во хотелот е регистрирано труење со храна и дека парите ќе им бидат вратени во рок од 14 дена, што не се случило.

Како што препорачуваат и советуваат во Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ)по купувањето на ваучерот, лицето мора да инсистира да потпише договор, без разлика дали аранжманот се продава директно преку интернет-страница или таа е само посредник. Само така граѓаните може да ги остварат своите права и да бараат отштета ако патувањето тргне наопаку. Законски сите што продаваат туристички аранжмани мора да имаат и лиценца.

Доколку некој се сомнева оти некоја интернет-страница продава патување, а нема лиценца, треба да пријави во Државниот пазарен инспекторат. Доколку, пак, веќе купил ваучер, да бара да потпише договор.

С.Ж.П

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1