За 1 месец случајно убиле 13 луѓе


Ловците пукаат на се што мрда. За само 35 дена од оваа есенска ловечка сезона биле убиени 13 луѓе меѓу кои и едно дете, велат загрижено невладините организации во Италија.

Уште 33 луѓе се ранети, објави здружението на жртви на ловот,, кои повикаа да се сопре масакарот.

Луѓето се убиени во случајни несреќи кога ловците неконтролирано во желба за улов стрелале во нив наместо во животните

Меѓу загинатите има и ловци но и случајни минувачи. Најновата жртва загинала вчера на североистокот на Италија. Загина 16 годишно момче, во кого случајно стрелал и го убил неговиот татко.

Во Италија има околу 720.000 ловци. Минатата ловечка сезона имало 25 мртви од кои 24 ловци, а имало и 70 ранети меѓу кои 11 случајни минувачи и еден спортист кои си тренирал во приорода.

Ловот во Италија треба да се забрани, владата мора итно да превземе мерки – упатуваат остро барање невладините организации кои се залагаат за укинување на легалниот лов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1