Споменикот на Тодор Александров во населбата Кисела Вода синоќа е ишарен со кукаст крст, симбол на фашистичката идеологија.
Споменикот кој прво беше наречен Македонски војвода на коњ во четвртокот доби табла со името на Тодор Александров, некогашен водач на ВМРО. Ова не е прво сквернавење на споменикот. Тој беше попрскан со бела боја кратко по неговото поставување во јуни годинава, пренесува Фама.мк.
Фото – Фама.мк