Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор, а од нив во овој момент два се најсериозни.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор, а од нив во овој момент два се најсериозни.
„Најтешкоот е пожарот во Јасен, но и кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак. Гори на еден рид на кој има неколку репетитори. Репетиторите успеавме да ги спасиме, тие се функционални, но пожарот сѐ уште е активен. Овде дејствува еден полициски хеликоптер“, изјави Ангелов.
Заштитениотѕ резерват Јасен под опасност од огнената стихија која со денови не се смирува. Пожарот кој избувна неколку километри по влезната капија кула од скопска страна се уште е активен.
Првично иако беше ставен под контрола и делумно изгаснат, повторно се реактивираше. Екипите секојдневно се борат на терен да го запрат огнениот фронт. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека теренските услови се исклучително тешки, стрмен терен и мешана шума што го отежнува пристапот и гасењето.









