Судење ,,Онкологија,,: Ќерка ми не умре од канцер на дојка, туку ја убија со тие хемии


Потресни сведоштва од најблиските на тројца починати пациенти за кои обвинителството докажува дека биле лекувани со несоодветна терапија од страна на обвинетите онколози на државната клиника на продолжението од судењето за случајот „Онкологија“.

Откако обвинетата докторка Мери Пешевска ја призна вината, од обвинителна клупа се бранат поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев и неговите колеги, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.

Мајка на починатата Адријана Начевска, сведочеше дека нејзината ќерка не можела да ја издржува имунолошката терапија на која инсистирал докторот Васев, кому му ја наклониле целата доверба. На крајот, починала од вештачки метастази на црниот дроб, иако претходно била излечена од карцином на града. Сомневањата дека нешто не е во ред со терапијата се засилиле кога еден ден отишле на гастро и доктор оттаму им кажал дека состојбата не е добра и оти црниот дроб ѝ е оштетен со вештачки метастази од несоодветна терапија. Мациевска и до ден-денеска се сомнева дека ќерката била предозирана со терапијата. Сподели моменти на неиздржливи болки што ги преживувала Адријана, а докторот Васев се однесувал бесчувствително, раскажувал вицови.

– Тоа беше тивко убиство. Таа не умре од канцер на дојка, туку ја убија со тие хемии, заврши мајката на починатата Адријана, која побара материјална штета за да ја донира за болните од канцер.

Нејзиното досие го анализираа онколози – вештаци од Србија и од Словенија на барање на ОЈО.

На претходното рочиште, обвинетиот онколог рече дека не се чувствува виновен и дека против него се прави заговор. Најавија дека ќе го оспорат вештачењето направено од онколог во Словенија, кој не бил во регистарот на вештаци.

Обвинението ги товари онколозите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1