Основниот кривичен суд му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за уште еден месец. Неговиот адвокат Боби Спирковски најави жалба до Апелациониот суд, посочувајќи дека притворот е неоправдан и дека обвинението се темели на „вештачки конструирани“ дела.
Спирковски истакна дека одбраната приложила нови докази кои, според него, покажуваат дека нема штета ниту основ за тешки обвиненија, и дека Апелација треба да одлучи без притисоци, исклучиво според закон и факти.









