Алармантна состојба, вонреден инспекциски надзор поради сметот во Скопје


Владата на денешната седница ги задолжи МВР заедно со државниот комунален инспекторат, инспекторатот за животна средина, санитарен и здравствен инспекторат и институтот за јавно здравје да почнат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и Јавното претпријатие Комунална Хигиена, откако градот со месеци е затрупан со смет и отпад а граѓаните алармираат секојдневно за проблемот.

Влада

– Се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се укажува на Град Скопје-Сектор инспекторат, да постапат согласно  своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад, кој предизвикува опасност по здравјето на луѓето.  

Од обивинителството велат веќе се проверува работата на јавното комунално претпријатие.

ОЈО

– Јавниот обвинител издаде наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП Комунална Хигиена. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден надзор и констатираат моменталната состојба. 

Паралелно, МВР е задолжено во соработка со градските и државните инспекции да ги испита постапките на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“, како и улогата на градоначалникот Данела Арсовска во ситуацијата со несобирање на отпадот. Според МВР, несобраниот отпад претставува директна опасност по здравјето на граѓаните.

Министерство за внатрешни работи

– Состојбата е алармантна и, иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да дејствуваат по заклучоците на Владата.

Актуелната градоначалничка пак на град Скопје Данела Арсовска на социјалните мрежи вината ја лоцираше кај актуелната власт.

Данела Арсовска  

– ВМРО/ВЛЕН се на власт во град Скопје 4 години, можеа се да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа. Не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје. Не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална Хигиена. Со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје.

Полни контејнери, смет околу нив, смрдеа, кабаст отпад е сликата во македонската метропола, речиси да нема скопска општина во која не се создаваат мини депонии. Градоначаникот на Центар Горан Герасимовски побара да се свика итна седница на ЗЕЛС. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1