Диор излезе со специјално издание на привремени тетоважи од 24 картно злато кое изгледа како накит. Диор Гранд Бал Голден тетоважа која чини 120 евра, а можете да изберете и прстени и ракавици.
Уште не е познато колку долго привремената тетоважа може да трае. Сепак Диор не е првиот бренд кој ја лансираше привремената тетоважа.
Шанел во март минатата година имал во понудата црна привремена тетоважа, која им ја нудел на своите муштерии. Во прашање биле симболи од пролетна колекција на овој бренд.
Заинтересираните можеле да изберат некоја од 55-те понудени тетоважи, кои чинеле само 75 долари.