Нивоата на реките се драстично зголемени по врнежи од дожд што изминатите денови ја зафатија земјава. На некои мерни места водостојот е речиси осум пати над просечните вредности за месец ноември
Според денешните хидролошки мерења, најголем пораст е забележан на реката Треска кај Македонски Брод, каде водостојот е 90 сантиметри над нормалната кота.
Зголемени нивоа се регистрирани и на реката Вардар, особено кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања. Пораст има и на Црна Река кај Новаци, на Радика и на Црн Дрим кај Ложани.









