Од следната недела ќе се плаќа 18% данок и за нарачките до 22 евра од Тему, Алиекспрес и другите интернет продавници од странство. Собранието ги изгласа законските измени и тие ќе стапат во сила 8 дена по објавата во службен весник. Целта е да се зајакне домашната економија, велат од Министерството за финансии. Очекуваат прилив од околу 65 илјади евра секој месец – пари кои ќе се пренасочат во стопанството.
„Трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи, а мерката ќе обезбеди фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници“, велат од Финансии.
Плаќањето на ддв-то кон државата ќе биде обврска на шпедитерите со кои соработува Тему.
Кај идните нарачки, продавачите ќе го вградат зголеменото ДДВ во цените за да ја задржат истата добивка.
Данок нема да се плаќа за пакет испратен како подарок, но под услов да не чини повеќе од 22 евра и да не е алкохол, парфем или цигари.










