До 4 мај продолжува мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати


Владата донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај, со цел ублажување на последиците од глобалните ценовни шокови врз домашната економија.

Со одлуката се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото за четири денари по литар, како и намалувањето од два денари по литар за бензините од 95 и 98 октани“, се вели во денешното владино соопштение.

Оттаму посочуваат дека мерката има директен ефект врз намалување на малопродажните цени на горивата и придонесува за намалување на трошоците за живот и инфлаторните притисоци.

Истовремено, донесена е и измена на одлуката за примена на повластена стапка на ДДВ, при што стапката од 10 отсто ќе продолжи да важи за бензините, додека за останатите производи се враќа редовната стапка од 18 отсто.

Како што информираат од Владата, согласно нивните пресметки, очекуваат Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) да донесе одлука за дополнително намалување на малопродажните цени на горивата во просек за околу 1,5 денар по литар.

Воедно, останува во сила и договорениот механизам со нафтените компании, со кој се обезбедува дополнително намалување од три денари за дизелот и два денари за бензините.

Овие мерки, според Владата, ќе придонесат за намалување на трошоците за транспорт и за ублажување на инфлаторните притисоци врз економијата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека државата во овој момент нема никакви проблеми во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и нагласи дека резервите се стабилни, а системот функционира без прекини.

Посочи дека во земјата има доволни количини на дизел, бензин и керозин, како во државните резерви, така и во цевководот што ја поврзува рафинеријата ОКТА со солунското пристаниште.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1