Безбедносен инцидент се случи за време на традиционалната вечера на новинарите во Белата куќа, кога беа испукани истрели, по што американскиот претседател Donald Trump и потпретседателот JD Vance итно беа евакуирани од бината.

Инцидентот се случил околу 20:35 часот по источноамериканско време (00:35 GMT), во хотелот Washington Hilton, каде што се одржувал настанот. Според првичните информации, припадници на Тајната служба брзо реагирале и го неутрализирале осомничениот на лице место.
Еден агент на Тајната служба бил застрелан од непосредна близина, но, според изјавата на Трамп, бил спасен благодарение на заштитниот панцир.
Американските медиуми јавуваат дека осомничениот е идентификуван како Cole Tomas Allen (31) од Torrance, Калифорнија. Тој бил совладан од обезбедувањето и моментално се наоѓа на болничко лекување, а се очекува во понеделник официјално да биде изведен пред суд и обвинет.
Според информациите на CBS News, осомничениот им изјавил на властите дека цел му биле претставници поврзани со Трамп, иако полицијата претходно соопшти дека мотивот сè уште не е целосно утврден.
Сведоци на настанот опишуваат сцени на паника. „Сите се сокривме под масите и тоа траеше како цела вечност“, изјавил новинар присутен на вечерата.

Според достапните информации, Алeн бил гостин во хотелот и со себе носел повеќе оружја, вклучително и огнено оружје и ножеви. Тој претходно работел како тутор во Торенс, по дипломирањето на престижниот California Institute of Technology.
https://www.facebook.com/share/r/1E2hTy6pt4/?mibextid=wwXIfr
Надлежните институции продолжуваат со истрагата, додека безбедносните мерки околу сите федерални објекти во Вашингтон се дополнително засилени.









