Проф. д-р Биљана Ангелова доби уште еден мандат и ќе раководи со најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Единствен противкандидат ѝ беше проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет. Според изборната комисија, Ангелова освоила 2.924 поени, а Данев освоил 2.675 поени.
Гласањето се одвиваше на 23 факултети и на пет институти во рамките на УКИМ. Новиот мандат на Ангелова е од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година.










