ОКТА од утре до 16 јуни ќе им продава бензини на трговците со попуст од 2 денари


Владата на вчерашната седница, што ден претходно ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни и информира дека во разговорите со ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од 1 јуни, односно денеска

Компанијата ОКТА денеска преку писмено соопштение информира дека донела одлука за привремен попуст од два денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Попустот, како што информираат од компанијата, која е најголем снабдувач во земјава со нафта и нафтени деривати, ќе стартува од утре (2 јуни) и ќе трае до 16 јуни.

Од компанијата потсетуваат дека станува збор за продолжение на серијата мерки за поддршка што ОКТА ги спроведува од март оваа година, а чија цел е ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот врз домашниот пазар на горива

Попустот ќе важи за трговците кои работат со продажба на големо и на мало, и кои набавуваат бензин од ОКТА. Како и досега, додаваат од компанијата, трговцуите на големо и оние на мало, самостојно ќе ги утврдуваат крајните малопродажни цени на бензинот, во согласност со нивните комерицијални политики и пазарните услови.  

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1