Ако имате грчко потекло, може да аплицирате за грчко државјанство


Грчката амбасада во Скопје на својата официјална веб-страница објави јавен повик до сите граѓани во Македонија кои можат да докажат грчки корени – да аплицираат за грчко државјанство.

„Грција има потреба од вас, објави 4news.mk Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, гласи пораката во објавата на грчката амбасада во Скопје, каде што се приложени линкови, услови и потребни документи за аплицирање.

Грција започна кампања насочена кон оние кои живеат во странство и нивните потомци, со цел да ги информираат за можностите и постапките за стекнување грчко државјанство. Се темели врз грчкиот Законик за државјанство. Главниот услов е апликантот да има родител, баба или дедо од грчко потекло и тоа да го докаже преку непрекинат континуитет во матичните книги.

„Ако мајката или таткото на лицето е грчки државјанин и бил/а запишан/а во грчката матична книга на граѓани во моментот на раѓањето на детето, постапката може да се започне преку пријавување на раѓањето во надлежниот грчки конзулат во земјата на живеење. Во случаите кога родителот станал грчки државјанин по раѓањето на детето, потомокот може да поднесе барање за стекнување државјанство преку грчкиот конзулат надлежен за неговото место на живеење“, пишува во објавата на амбасадата.

Грчките власти упатуваат сите заинтересирани лица да се обратат до надлежниот конзулат, каде што ќе добијат конкретни информации за потребната документација и чекорите во постапката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1