Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес


Повеќе од 2.000 луѓе се водат како исчезнати по силниот земјотрес во Колумбија, а над 100 ги загубија животите. Претседателот прогласи вонредна состојба.

„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо де ла Есприеља на платформата Х.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи во понеделникот (10.08) во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота. Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се неподобни за живеење.

Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините, објави весникот „Ел Еспектадор“.

Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Во департманот Чоко недостига јавна инфраструктура, а речиси 70 проценти од населението, според официјалните податоци, се смета за сиромашно бидејќи располага со помалку од 120 евра месечно по лице. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи.

По катастрофата, многу земји ѝ понудија помош на Колумбија. Според Министерството за надворешни работи на САД, биле одобрени 15,5 милиони долари помош.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија е подготвена да пружи поддршка. „Веќе ја активиравме нашата сателитска служба Коперник за да помогне во спасувачките операции“, напиша таа на Х.

„Вечерва, срцето на Европа е со колумбискиот народ по ужасниот земјотрес во регионот Чоко. Веќе го мобилизиравме Коперник, нашиот сателитски систем, за да ги олесниме спасувачките операции“, изјави Урсула фон дер Лајен на социјалните медиуми. „И сме подготвени да обезбедиме дополнителна помош“.

Емоционална поддршка пристигна и од колумбиската суперѕвезда Шакира. Пејачката преку платформата Х ја испрати „сета своја сила и сета своја љубов до татковината“.

Според Геолошкиот завод на САД, земјотресот се случил на длабочина од 107 километри во близина на градот Сан Хозе дел Палмар во Чоко, ретко населена провинција на брегот на Пацификот во Колумбија, и бил почувствуван во поголемите градови низ целата земја.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји, Венецуела, Еквадор и Панама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1