Македонското име повторно се најде на глобалната вселенска мапа. Познатата македонска научничка и аналогна астронаутка Мартина Димоска е прогласена за една од новите глобални ѕвезди во вселенските истражувања, откако ја доби престижната титула „SGAC Global Rising Star“ за 2026 година.
Признанието, кое се доделува на млади лидери и професионалци од земји во развој со значаен придонес кон локалните вселенски заедници, е уште едно меѓународно потврдување на нејзината работа и ангажман во оваа област.
Оваа година настанот се одржува во Анталија, каде што Димоска има можност да биде дел од меѓународната вселенска заедница и да се поврзе со луѓе кои активно ја креираат иднината на истражувањето на вселената, вклучително и мисиите кон Месечината и Марс.








