ВАЖНО ЗА ТИЕ СО БЕНИФИЦИРАН СТАЖ – Треба да се изјаснат дали остануваат членовиво вториот пензиски столб


За дел од осигурениците со бенефициран стаж од денес започнува важен рок што директно се однесува на нивното идно пензиско осигурување. До 20 јануари 2027 година тие треба писмено да се изјаснат дали сакаат да го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, односно во вториот пензиски столб. Доколку не достават изјава во предвидениот рок, членството ќе им престане, а сите средства акумулирани на нивните индивидуални пензиски сметки ќе бидат префрлени во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ). Ова го предвидуваат законските правила на кои потсетува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Осигурениците што ги исполнуваат законските услови и сакаат да го задржат членството во вториот пензиски столб треба да поднесат писмена изјава за продолжување на членството. Од МАПАС појаснуваат дека тримесечниот рок започнува на 20 октомври 2026 година и истекува на 20 јануари 2027 година.Бенефицираниот стаж им овозможува на определени категории осигуреници да остварат право на старосна пензија со намалена старосна граница, доколку ги исполнуваат законските услови.

Но, за оние што веќе се членови на вториот пензиски столб и го достигнале предвидениот стаж, законодавството предвидува посебно право на избор за продолжување на членството.

Оние што во претходните години веќе доставиле изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд нема потреба повторно да го прават тоа. Нивното членство е продолжено врз основа на претходно поднесената изјава.

По истекот на рокот, на осигуреникот кој не се изјаснил ќе му престане членството во задолжителниот пензиски фонд, a пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од неговата индивидуална сметка во Фондот на ПИОСМ. Осигуреникот потоа останува осигурен само во првиот пензиски столб, кој функционира врз принципот на генерациска солидарност, и од него ќе го остварува правото на пензија.

На официјалната интернет-страница на МАПАС е достапен образецот за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд за лица со бенефициран стаж. Агенцијата обезбедува и можност за електронско доставување преку посебна форма на својата веб-страница. За изјавата поднесена преку електронската форма да биде валидна, таа треба да биде потпишана со електронски потпис.

На истата страница се достапни и дополнителни информации за правото на избор и последиците од недоставувањето изјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1