350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС


Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање терапија и современиот третман, како и здравиот начин на исхрана и физичката активност, се клучни за спречување на компликациите од болеста.

– Во државата има 135.000 лица со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1 и речиси за 40.000 се смета дека имаат дијабетес, а немаат поставена дијагноза. Дијабетесот е хронична болест, која зазема пандемиски размери. Меѓународната федерација за дијабетес излезе со бројки дека 693 милиони луѓе во светот го имаат ова заболување. ​Речиси 43 отсто од лицата со дијабетес не знаат дека ја имаат оваа хронична болест. Според податоците, приближно 50 отсто од компликациите кај дијабетес тип 2 веќе се присутни при поставување на дијагнозата. Значи, се задоцнува со поставувањето на дијагноза – изјави на прес-конференција директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, проф. д-р Ирфан Ахмети, по повод одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, под мотото „Рана акција за дијабетес“.

На прес-конфернецијата беше истакнато дека 800 лица до 25-годишна возраст имаат дијабетес, од кои 350 се деца.

Обезноста е еден од главните ризик-фактори за појава на дијабетес и треба навреме да се третира за да се спречи преддијабетесот, односно дијабетесот како хронична компликација. За важноста на скринингот и навременото откривање на дијабетесот покажува и вчерашниот скрининг кај нашата популацијата, инициран од Македонската медицинска асоцијација на студентите, во кој учествуваа 135 лица. Забележано е дека кај 16 отсто од лицата, на кои им било извршено мерење гликемија во крвта, е поставена дијагноза дијабетес, а тие не знаеле дека го имаат, додаде проф. д-р Ахмети и упати апел до граѓаните да не чекаат да се појават симптомите на дијабетесот, да прават скрининг на гликемијата кај матичниот лекар и да се едуцираат за ризик-факторите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1