ИДЕИ ЗА МОДЕРНО И ФУНКЦИОНАЛНО ПРЕТСОБЈЕ


Без разлика дали е голем или тесен ходник, влезот во станот секогаш можете да го направите да изгледа модерно и впечатливо. Во повеќето случаи овие простори се без природно светло, што дополнително ги прави помрачни и некако помали отколку што навистина се.

ВЛЕЗ БЕЗ ХОДНИК
Доколку решивте да ги отстраните некои од неносечките ѕидови и да го соедините ходникот со остатокот од станот, можете да употребите малку посилна окер нијанса.

Провлечете ја на плафонот и ѕидовите и направете занимливи игри во амбиентот. Еден дел преградете со лизгачки врати и во тој простор сместете ја гардеробата. На некој му смета овој дел од станот да и припадне на дневната соба или трпезаријата, но може да допринесе за ентериерот да делува како да е поголем.

КЛАСИЧНА ПРИКАЗНА

Овде можеби лежи најкомплицираната задача – добро смислете го влезот за вашиот стан.

Често, дополнителните елементи што ги следат овие ентериери, како што се гипс, столбови со капители и мермерен под, го отежнуваат решението.

Многу интересна поставка на високиот плакарски елемент, со дополнителен дел за закачување на гардеробата во овој дел на влезот, нема да делува премногу и претешко. Добро е склопена во добро осмислена ниша на ѕидот.

ХОДНИК СО НЕПРАВИЛЕН ОБЛИК

Ова е исто така многу честа појава за ходник, каде од еден негов дел, скренувате во друг.

Во овој случај е добро малку да ги „разиграте“ ѕидните површини, со занимлив панел и изразени диви шари во занимлива форма со огледало, фиока и куки за закачување.

Останатиот дел од ходникот изведете го едноставно, со ѕидови и плафони во бела боја, без претерани детали и ќе делува многу елегантно.

ЦРНО – БЕЛИ ИГРИ
Комбинација од црна и бела боја секогаш дава одлично решение. Доколку се одлучите за ваков чекор во вашиот влезен ходник, поиграјте си малку со предните делови од комодата, наизменично обоена во црна и бела нијанса. Потоа на ѕидот поставете тесен црн панел со елементи за закачување на гардероба и конзолна бела полица за шешири и капи. Ќе делува поинаку и необично.


СОВЕТ
Изгледот на вашиот влезен ходник можете да го подобрите и со додавање на нови ѕидни, плафонски или подни светилки. Добро смислена, освен неопходното светло, ќе дава и декоративно, кое на вистински начин ќе го краси вашиот ходник.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1