,,Пљачка,, одобрена од министерство за финансии?? – Фото


Додека си сурфате на интеренет одеднаш ви излегува прозорец дека сте избрани да бидете дел од наградна игра каде главна награда е iphone – ipad.

Се е на македонски јазик и вели дека треба да одговорите на неколку прашања за да дојдете до вашата награда. Дури ви дава опција да изберете и која награда ја сакате и која боја да ви бидат телефонот или ipad-от.

Она што влева доверба дека не се работи за измама е огромен печат дека наградната игра е одобрена од министерството за финансии. Се обидовме денес да стапиме во контакт со нив да видиме дали некои ги злоупотребува или навистина оваа наградна игра е со одобрение од нив.

Она што е ,,пљачка,, е што никаде не ви кажува на колку прашања треба да одговорите. Прашањата ви се на екранот а одговарате по пат на смс од вашиот мобилен телефон. Една порака чини 41.3 денари со ДДВ. Работава кој ви е виновен ако сами се зезнете ?!?!

 

Читатели на MKnews.MK одговориле дури на 10 прашања но немало крај. И освен огромна телефонска сметка не виделе ништо од наградите.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1