Нас не нема на овој список. За преголемиот смет по нашите улици и во природата, сме си самите виновни. Останува на нас да работиме на промената на нашите навики и да се надеваме дека еден ден и ние ќе се најдеме на овој список.
10. Колумбија.
Колумбија е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.
Населението на Колумбија изнесува 44 379 598 жители (2007). 58% од населението се метиси, 20% бели, 14% мулати, 4% црни и 4% мешавина од црни и индианци.
Густина на населеност: 34 жители на км2. 96% од вкупниот број колумбијци живеат на помалку од половината од вкупната површина на земјата, во нејзиниот западен дел.
Како службен јазик, колумбиците го користат шпанскиот. Официалната валута се нарекува колумбиски пезос (песо). Симболот на Колумбија е Орхидејата.
9. Куба
Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.
Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Канал до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.
Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.
8. Австрија
Австрија е земја во Централна Европа, без излез на море. Се состои од 9 сојузни држави. Се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Во овие граници зафаќа површина од 84000 км2 и на тој простор живеат над 8 милиони жители. Главниот град на Австрија е Виена.
Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.
7. Франција
држава чија територија главниот дел (метрополитен)се наоѓа во Западна Европаи која е најголема во Европската Унија по површина од 551.500 км2, и втора по население (метрополитен)со 62.448.977 (1 јануари 2009), која понатаму е сочинета од збир прекуморски острови и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти со површина од 675.417 км2 и население од 65.073.482 (1 јануари 2009)е прва формирана држава во ЕУ.
Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите острови исто така се граничи и со Бразил и со Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), со Антилите (во делот на Сен-Мартен). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.
6. Маурициус
Република Маурициус (République de Maurice) е островска нација во крајбрежните води на африкански континент во југозапад Индиски Океан, околу 900 км источно од Мадагаскар. Како дел од територијата на Маврициус се и островите Каргадос Карахос, Родригез и Агалега. Маврициус е дел од Маскаренските острови заедно со францускиот остров Реинион кој е 200 km на југозапад и островот Родригез 570 km на североисток. Маврициус е познат по тоа што тој остров е единствен дом на додо, кои за жал исчезнале пред осумдесет години.
5. Норвешка
Норвешка Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајки го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснивањето во 1624 година па се до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди – Нобеловата награда за мир.
По завршувањето на втората светска војна, Норвешка забележува огромен економски раст, и денес е меѓу најбогатите земји во целиот свет. Норвешка е четврти најголем извозник на нафта во светот, и нејзината петролејска индустрија зафаќа повеќе од четвртина од нејзиниот бруто домашен производ. Норвешка е исто така богата со природен гас, хидроенергија, риба, шуми и минерали. Таа беше најголемиот извозник на морска храна после Кина во 2006 година. Други примарни индустрии се: преработување на храна, бродоградба, металната, хемиската, рударството, риболовот и производството на производи од хартија и пулпа. Норвешка има Скандинавски социјален модел.
Норвешка беше највисоко оценета од сите земји во полето на човечкиот развиток од 2001 до 2006, и го дели првото место со Исланд од 2007 до 2008. Таа исто така беше оценета како најмирна земја во светот во 2007 година, и е една од основачите земји на НАТО.
4. Шведска
Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.
Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.
Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија.
3. Костарика
држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хозе.
Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година. Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход. Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка. Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.
2. Швајцарија
Швајцарија е земја која се наоѓа во Централна Европа. Земјата граничи со со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија е земја која нема излез на море. Климата е умерено-континентална, на планините планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпи, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.
1. Исланд
Карактеристични за Исланд се гејзерите и вулканите (Хекла, Хванадалснукур и Ејафјатлајекитл). На север од земјата се наоѓаат многубројни фјордови. Главен град е Рејкјавик. Други градови: Акурејри, Исафјердур, Кефлавик и Сиглуфјердур. Најблиски прекуморски соседи: Гренланд, Норвешка, Фарските Острови и Шкотска.Висорамнина (400 до 800 m) со вулканско потекло, највисок врв Ерефајекул, 2.119 m. Од 140 вулкани, 26 се активни (Гримсвотн, Лаки, Хекла…). Над 13.000 km2 се покриени со глечери, од кои најголемиот Ватнајекул зафаќа 8.460 km2.
Забележлива е присутноста и на голем број гејзири, од кои најсилниот исфрла вода до 100 m височина. Хидрографија: реки – Нордура, Пјорса, Хвита; езера – Ми, Порис, Пингвала, Хвитар. Клима: во јужните области влажна атлантска со свежи лета и благи зими, а во внатрешноста супполарна.Аграрна земја во која риболовот (флота од над 1.000 бродови) и индустриската преработка на рибата се главни стопански дејности, напоредно со бродоградбата. Се одгледуваат компири, репка и во стаклени градини цвеќе и овошје, а во сточарството говеда, овци и коњи. Располага со значајна хидроенергија и геотермална енергија.