Фотографии човек-мајмун кои што ја вознемирија јавноста (Фото)


Автентични слики на човек-мајмун кои пред два дена се појавиле на еден интернет портал, станаа вистинска сензација. Имено истите датираат од триесетите години од минатиот век, а човекот мајмун на нив е пронајден во џунгла во Бразил.


Неговите џиновски усни, набраното чело и непријатниот мајмунски од, изгледаат уверливо до таа мера, што дури и холандското списание „Het Leven“, на чии што страници за прв пат се објавени сликите во 1937 година, делувало апсолутно убедливо во автентичноста на сликите, нарекувајќи го животното „таинствениот човек-мајмун“.
Многумина тврдат дека ги забележале знаците на протетика на неговото лице, меѓутоа голем број на луѓе всушност се убедени дека овие фотографии претставуваат историски доказ за бисерот на антроплогија.

На една од фотографиите се забележува линија на вештачка уста која се разграничува со носот, а луѓето не верувајќи во автентичноста коментирале дека челото е прекриено со косата за да се затскрие линијата на протезата или пак маската. Еден интернет корисник истакнал дека за човек кој што е скоро пронајден во дивите шуми во Бразил, изненадува неговото тазе шишање и бричењето.
Други пак изнеле тажна теорија дека на сликата е најверојатно личност која што е заостаната во развојот и која ја натерале да стави шминка, протеза и да позира во јавноста и да се преправа дека е всушност човек мајмун.

Уште еден пријавен случај кој е и документиран, бил забележан од стрна на Франсоа де Лоа, кој ја предводеше експедицијата по должина на границата на Колумбија и Венецуела. Имено во 1920 година две суштества кои по својот изглед потсетуваат на мајмуни, оделе на задните нозе, а кога се доближиле до кампот почнале да маваат со предните екстремитети.

Од страв за безбедноста на групата, мажјакот бил застрелан и тогаш Де Ло и остатокот од неговиот тим станале свесни дека наишле на невообичаено животно.

Иако изгледаше како мајмун, животното имало само 32 заби, додека повеќето мајмуни во тие региони имале по 36, а интересно немало опашка.
Со ставање на стап под брадата, животното било сликано, а потоа неговото крзно и черепот биле загубени поради големиот број на проблеми со кои се соочувала групата во тој дел од џунглата.
По враќањето во Европа Де Ло на никого не кажал ништо за фотографијата, туку во 1929 година, негов близок пријател ја обновил фотографијата.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1