Добрината секогаш се враќа – вистинска приказна (Видео)


Ова е една топла човечка приказна – да ви почне денот со неа. Обична приказна, за обично момче со сосема обични желби и живот. Приказна која зборува за тоа како доброто со добро и се враќа. Луѓето со големо срце порано или подоцна добиваат награда за добрината.

 

Кајл е момче кое има тешка финансиска состојба. За да се школува мора да работи во кафитеријата во училиштето по 35 часа неделно. Иако му е напорно за него и гостите и колегите велат дека никогаш не покажал. Секогаш има огромна насмевка за сите и за секого е услужлив. Кајл е човекот со најголемо срце – велат за него.

Момчето бил еден од најголемите фанови на San Francisco Giants, славниот безбол тим кој токму сега игра во финале со Detroit Tigers за титулата.

Не пропуштил ниту еден нивен натпревар, но за жал ги гледал само на ТВ бидејќи немал пари за карта да оди на стадион.

Но последниот натпревар Кајл го гледал во живо на стадионот благодарение на сите кои го познаваат.

Колегите од работа, заедно со гостите од кафитеријата и пријателите собрале пари и му купиле авионска карта и карта за натпреварот.

Зошто ? затоа што сите до еден велат дека Кајл е душа од човек и заслужува и многу повеќе.

Тој е богатство да го имаш во својот живот и тоа богатство мора да се чува, велат.

Направиле изненадување – а од моментот кога му ја даваат картата има и снимка – КАЈЛ СЕ РАСПЛАКАЛ!!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1