Мана на заедничкиот живот: Мажите ослабуваат, дамите се здебелуваат


Истражувањето спроведено над 1300 двојки во Велика Британија, покажала дека заедничкиот живот допринесува до тоа да жените се дебелеат, а мажите да слабеат.

Околу 30% од дамите признале, дека, откако почнале да живеат со својот партнер, почнале повеќе да јадат, со што резултирало со зголемување на бројот на килограми. Ист процент на мажи пак, откриле дека ја намалиле количината на храна во организмот. Многумина изјавиле дека веднаш по вселувањето почнале да конзумираат таканаречена „женска храна“, како што се јогурот и салата.

Нутриционистите тврдат дека двојките кои заедно ја подготвуваат храната, често не ги земаат во обзир разликите на потребите на организмот. Така, често земаат порција еднаква по големина со онаа на партнерот. Нутриционистот Фион Хантер, вели дека ваквиот пристап може негативо да се одрази на здравјето на двајцата партнери, поради разликите во потребите на организмот.

„Спојувањето на сопствениот начин на исхрана со тој на партнерот, може, поради вишокот на килограми, да има и друга негативна последица. На пример, на мажите им е неопходно различно конзумирање на витаминот Бе-комплекс, одколку кај жените, објаснува Хантер.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1