Обвинител во Тексас ќе ги апси набљудувачите на ОБСЕ ако влезат на гласање


Главниот обвинител на Тексас, Грег Абот изјави дека на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) нема да им биде дозволено да го надгледуваат гласањето за претседателските избори на шести ноември во таа американска сојузна држава, заканувајќи се кривично гонење во случај на непочитување на наредбата.

ОБСЕ испрати тим од шеесетина луѓе кои би требало да ги надгледуваат претседателските избори ширум САД. Но, обвинителот на Тексас вчера упати писмо до државниот секретар Хилари Клинтон, во кое наведува дека „неовластени поединци“ не смаат да се доближат до 30 метри до гласачките места на денот на изборите и ако се доближат до избирачките места ќе бидат уапсени.

– Групи и поединци кои доаѓаат надвор од Америка не можат да се мешаат или да влијаат на изборниот процес во Тексас, посочи Абот.

Од ОБСЕ истакнаа дека тие не се во САД за да судат за резултатите од изборите, туку да известуваат за изборниот процес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1