Директорот на ЈСП поднесе оставка по скандалот со претепаната вработена


Директорот на ЈСП Турс Саша Димиќ си поднесе оставка откако во медиумите се обелодени дека тој е функционерот против кого вработена поднесе пријава во МВР дека била претепана во хотелот Маврово, пишува Нет прес.

Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ во чии рамки е и ЈСП Турс денеска извести дека Димиќ поднеле оставка од позиција, а дека наскоро Управниот одбор на ЈСП ќе назначи нов управител.

Според информациите од полицијата, дваесет и петгодишната Љ.Б. од Скопје на 21-ви октовмри пријавила дека претходната ноќ околу три часот во Маврово била нападната од Димиќ. Полицијата како што велат од СВР Скопје се уште го расчистуваат случај и ги утврдуваат околностите, нема поднесено пријава се уште против Димиќ.

За инцидентот пишуваа нколку медиуми на кои оштетената им дала изјава – повеќе инфо за случајот ОВДЕ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1