Норвешката фудбалска асоцијација (NFF), размислува за предлог кој ќе им овозможи на тренерите на младинските тимови, да можат да стават во игра екстра играч од клупата за резервни фудбалери, доколку нивниот тим губи со четири гола разлика.
Со внесувањето на 12 играч во игра на теренот, на губитниците им се дава шанси да се вратат во игра. Веројатно тогаш екстра играчот би се отстранил од играта, доколку дефицитот на голови се намалува.
Со овој предлог во NFF се обидува да се осигура, дека во младинските натпревари нема да има победници или губитници, како и да се избегнат големите разлики во постигнатите и примените голови.
Предлогот беше поздравен од поранешниот норвешки репрезентативец и дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хенинг Берг, кој изјавил дека е ваквото правило ќе придонесе до повеќе рамноправни натпревари.
„Не е многу забавно да губиш со 17-0, ниту пак да победуваш со 17-0“, изјавил Берг.