Авионот на полскиот претседател дигнат во воздух? Најден експлозив во авионот


Полското воено обвинителство изјави дека открило траги од тротил и нитроглицерин во останките од полскиот владин авион Ту-154, кој се урна во април 2010 година при што загина полскиот претседател, Лех Качински заедно со десетина други истакнати полски политичари и воени лица.


На 30 седишта од авионот, како и во едно од крилото на леталото имало бројни траги од тротил и нитроглицерин – главни материјали за изработување на бомби.
Количините од трагите биле до толкава мера големи, што се оштетил еден од мерните уреди. Останатите мерни уреди го потврдиле остатокот од експлозивните материјали.

Постои и друга хипотеза која вели дека ваквите траги останале од периодот на Втората светска војна.
Интересно е тоа што вчера под неразјаснети околности, починал еден од клучните сведоци во несреќата на полскиот авион.
Авиоинженерот Ремигиуш Мус на полскиот авион „Јак-40“ бил пронајден обесен во својот дом, каде што живеел со родителите. Авионот на Муси слетал на аеродромот Смоленск околу еден час пред да се урне полскиот владин авион „Ту-154“. Во своите искази за време на истрагата Мус изјавил дека дежурниот диспечер на аеродромот во Смоленск одобрил на владиниот авион „да се спушти до височина за донесување одлука за слетување на 50 метри“ и покрај густата магла. Според официјалната верзија, диспечерот не одобрувал на авионот да се спушта под сто метри.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1