Познат боливиски новинар жив запален додека водел радио емисија


Познатиот боливиски радио новинар Фернандо Видал бил нападнат и жив запален додека водел емисија во јужниот град Yacuiba.

 

Вработените во „Радио популар“ сведочеле дека четворица маскирани мажи влегле во студиото, го полеале Видал со бензин и го запалиле.

Седумдесет и осум годишниот новинар и уште еден вработен во радиото биле пренесени во болница со тешки изгореници.Видал има изгорениви на лицето, рацете и градите.

Според очевидци, напаѓачите фрлиле и неколку молотови коктели во просториите на радиото.

Блиски на Бидал сметаат дека нападот е политички мотивиран, бидејќи тој го истражувал шверцот во пограничните боливиски региони.

Три лица се уапсени под сомнение дека го подготвувале нападот.

Yacuiba е  на 3 километри од границата со Аргентина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1