Сончево, студено, дожд – прогноза


Во Македонија по студеното утро, во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито.

Во вечерните часови наоблачување кое во текот на ноќта (среда спрема четврток) и утринските часови (во четврток) ке донесе врнежи од дожд. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Утринските температури од -3°C до 7°C, а максималните дневни ке достигнат до 11°C односно до 19°C.

Во Скопје во среда по студеното утро, во текот на денот ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна ке достигне до 17°C.

Во четврток во Македонија ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Кон крајот на денот врнежите ке престануваат. Ке дува засилен југоисточен и југозападен ветар, кој понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ке се движат од 3°C до 12°C, а максималните дневни ке достигнат до 9°C односно до 17°C.

Во петок во утринските часови ке има појава на магла и ниска облачност која понекаде ке се задржи и претпладне, во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ке дува засилен ветар со променлив правец. Утринските температури од 1°C до 11°C, а максималните дневни ке се движат од 14°C до 22°C

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1