Ратко Младиќ префрлен во болница, му се слошило


“Младиќ не се чувствуваше добро и беше префрлен во болница”, изјави портпаролката на судот Нерма Јелачиќ.


Во продолженитето на судењето на поранешниот српски воен командант Ратко Младиќ денеска дошло до непредвидени пауза, затоа што на Младиќ за време на судењето му се слошило.

“Младиќ не се чувствуваше добро и беше префрлен во болница”, изјави портпаролката на судот Нерма Јелачиќ. Пауза побарала одбраната на Младиќ, а Судскиот совет ја прифатил. Во тие моменти сведочел поранешниот офицер за цивилни прашања и политички советник УНПРОФОР Дејвид Харланд.

Харланд кој од вчера, продолжи со сведочењето и денеска, до сега изјавил дека поранешниот претседател на Србија, Радован Караџиќ немал оперативна команда над Армијата на Република Српска, бидејќи подредените офицери на теренот работеле под команда исклучиво на Младиќ.
Младиќ за време на еден од состаноците со припадниците на УНПРОФОР во есента 1993 година им се заканил дека ќе ги убијат сите освен децата во муслиманските енклави во источна Босна, вклучувајќи ја и Сребреница, изјавил вчера Харланд.
Тој додал дека имал огромен углед кај офицерите на армијата на босанските Срби, и немало сомнеж дека ја има цела контролата во свои раце.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1