На новиот Timeline, објавувањата на корисниците ќе се прикажуваат само од лева страна на која ќе биде претставен поголем дел од содржината за разлика од десната на која ќе се наоѓаат фотографиите, апликациите, последните активности и слично.
Голем број на корисници на Facebook не го прифати добро Timeline и сите негови новитети, како и безбедносните проблеми кои ги донесе овој нов начин на приказ на профилите на мрежата на Закерберг. Иако многумина најавија дека ќе ја напуштат социјалната мрежза поради Timeline, повеќето тоа не го сторија, наместо тоа бројот на корисници продолжува да расте и од неодамна надмина една милијарда.
Timeline станува задолжителен за сите.
Сепак, екипата на Facebook постојано тестира новитети на оваа мрежа, па сега се тестира нов дизајн на Timeline кој би требало да донесе нови револуционерни промени како оние со преминот од стариот профил на Timeline. Со новиот дизајн се најавува дека објавувањата на корисниците ќе се прикажуваат само од лева страна на која ќе биде претставен поголем дел од содржината за разлика од десната на која ќе се наоѓаат фотографиите, апликациите, последните активности и слично.
Поголемиот дел од овие информации и денес се наоѓаат на горната страна, додека пак на долниот дел од двете страни се наоѓаат постовите на корисниците во иднина истите би требало да се наоѓаат од лева страна, додека пак на дното на страницата целата десна страна би требало да остане празна затоа што на неа веќе нема да се прикажуваат постови.
Така, на тестираната страница, зголемена е левата страна на Timeline на која корисниците објавуваат статуси, фотографии и слично, додека пак десната е намалена.
Корисниците не сакаат Timeline!
На овој начин, објавувањата на корисниците ќе се наоѓаат во еден ред – слично како кај стариот профил пред воведувањето на Timeline.
На Inside Facebook велат дека од Facebook им потврдиле дека овие промени се тестирани на мал број корисници, но не им дале никакви додатни информации за тоа дали во иднина навистина ќе го видиме овој нов лик на Timeline или пак Facebook ќе се откаже од него.
Тестирањето на нови опции не значи дека Facebook во иднина сигурно ќе ги претстави, но ако се решат за сигурна промена, сега знаеме што можеме да очекуваме.