Бремена мајка пред децата брутално тепа пакистанец – уапсена е (Видео)


Аманда Лов (26) мајка на бебе и 8 годишно девојче учествувала во суров напад пред очите на нејзините деца на момче на Пикадили гарден во Манчестер.

 

Таа заедно со својот партнер го шутирала во глава Курам Нисар поради расистички побуди, тврдат очевидците, а нападот е снимен и со видео камера.

Аманда била пијана додека невиниот човек го шутирала во глава, го нарекувала со погрдни имиња и на цел глас викала ,,Паки,, и ,,Терорист,,

Но и покрај тоа што на насилството му сведочеле голем број граѓани, а постои и видео снимка таа е пуштена на слобода. Судијата ја поштедил да не оди во затвор само поради тоа што има мали деца и што е бремена.

Осудена е на 12 месеци затвор кои е заменет со условна казна во траење од 2 години да не го повтори делото.
жртвата има видливи повреди на главата, расекотини по целото тело, а ќотек добил само затоа што се враќал од работа по патот каде Аманда и нејзиното друштво седеле.

Сепак според очевидците и згрозената јавност, социјалните служби би требало поблиску да го испитаат случајот зошто Аманда бремена, пиела алкохол, ширела насилство пред своите деца – таа мајка не влијае добро на своите деца – изјавиле сведоците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1