Девојче умрело во маки – таткото ја полил со киселина зошто стоела со момче


Таткото ја претепал а потоа ја полил со киселина и тоа со помош на сопругата. Девојчето добило тешки изгореници од киселината но родителите не ја однеле во болница се до наредното утро, кога веќе било доцна.

 

Мајка и татко си ја убиле 15 годишната ќерка. Ја полиле со киселина откако ја виделе како на улица стои со момче, соопшти полицијата во пакистанскиот дел на Кашмир.

Локалниот шеф на полицијата Тахир Ајуб изјавил дека таткото Мохамад Зафир се сомневал дека неговата ќерка Анву Ша и се разбеснел кога ја видел пред куќата како стои со момче.

,,Таткото ја претепал а потоа ја полил со киселина и тоа со помош на сопругата. Девојчето добило тешки изгореници од киселината но родителите не ја однеле во болница се до наредното утро, кога веќе било доцна. Во болница е донесена во понеделникот а починала во среда,, изјавил шефот на полицијата.

Лекарите изјавиле дека е донесена во многу тешка состојба со над 70 насто изгореници по телото. Сестрата на девојчето која е веќе омажена пријавила во полиција и бара истрага да биде спроведена.

,, родителите го признале злосторството и рекле дека тоа го сториле зошто се сомневале дека нивната ќерка има незаконски односи со момче, против нив покренавме обвинение за убиство,, изјавиле во полицијата.

Пакистан е козервативна земја, каде жените посебно во сиромашните селски средини имаат многу мали права.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1