Манекенка починала на операционата маса при липосукција – лекарите криеле (Видео/Фото)


Бразилската манекенка, актерка и ТВ хостеса Памела Бариш Наскименто починала на операционата маса за време на хируршкиот зафат – липосукција.

27- годишната Памела Насименто починала на операционата маса за време на липосукцијата. Според официјалните информации починала поради пробушување на црниот дроб. Манекенката добила обилно крварење по што починала. Операцијата била во приватна клиника “Grin hil”  во Сао Паоло.

Ова не и била прва липосукција на манекенката, во истата клиника претходно имала и други операции. Но веднаш по нејзината смрт молчешкум и набрзина била закопана, а смртта 10 дена не била пријавена.

Сега адвокатот на семејството вели дека виновник за нејзината смрт е лекарска грешка и дека хирургот Жулио Цезар Јошимура, треба да биде обвинет за убиство од немарност.

Полицијата ќе го ексхумира телото за да се направи обдукција, по што ќе одлучи дали ќе биде поднесена кривична пријава за убиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1