Предупредување – видеото содржи вознемирувачки снимки
Port-Au-Prince, Хаити – Малата Марли Кесус (13) боледува од многу малку позната болест која предизвикува неконтролиран раст на коските на нејзиниот череп, деформирајќи и го лицето до тој степен што таа не може да јаде, не може да зборува, не може да дише без вградената цефка во нејзиниот врат, очите и се премногу разделени и потиснати од големите коски, со едното око речиси и да не може да гледа.
Страда од секојдневни болки и врзана е за количка поради големата тежина на коските на нејзината глава кои попречуваат во нејзиното слободно движење.
Нејзините родители се надеваат на чудо. Марли поминала години криејќи се во свјот дом, стравувајќи да излезе надвор затоа што луѓето ја навредуваат и се плашат од неа.
Уште од моментот кога нејзините родители забележале дека со нивната ќерка нешто не е во ред ( кога Марли имала амо 4 години), верувале дека станува збор за клетва. На крај не им преостанало ништо друго освен да контактираат две докторки-близначки кои самите признаваат дека кога прв пат ја виделе Марли, не знаеле во што точно гледаат.
Единствена надеж за Марли е операција.
Во Мајами, д-р. Хесус Гомез е еден од малкуте специјалисти кои можат да и помогнат на Марли. Тој е првиот до тогаш кој успева да даде дијагноза за болеста која го уништува живот на ова девојче. Станува збор за fibrous dysplasia, генетска мутација која предизвикува раст на коските. Во случајот на Марли, fibrous dysplasia ги афектира сите коски во нејзиното тело и за тоа не постои никаков лек. Операцијата е неизбежна, но и многу ризична.
Овој документарец ја следи борбата на Марли и неверојатната решителност на хирургот Гомез, кој не само што успева да го спаси нејзиниот живот откако ќе ги отстрани заболените коски, туку не запира и создава ново лице.