Правото на социјална помош корисниците ќе може да го остварат само со документ за лична идентификација.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски информира дека тоа ќе се спроведува веднаш и оти и новите баратели и оние кои ќе вршат обнова на првото за добивање социјална помош тоа ќе може да го направат само со лична карта.
– Во досегашниот начин на работа мораа барателите да достават потврда за пензија, податоци за остварен стаж, податоци за статусот на невработени лица, како и податоци за корисник на паричен надоместок по основ на невработеност.
Тој додаде дека сега таа документација ќе се обезбедува електронски меѓу институциите и со ова ќе се намалат трошоците за остварување на социјалната помош.
Според евиденцијата на крајот на минатата година се регистрирани 39.000 приматели на социјална парична помош.