Локација меѓу СЦ „Работнички“ и Луна парк, е наменета за изградба на катна гаража и за неа во тек е јавен повик за продажба. На предметната локација во иднина се планира да се изгради катна гаража во висина од 29 метри и во неа максимум би можеле да се паркираат околу 250 возила, јави Миа.
Почетната цена е 1.850 денари по м2 бидејќи има и компатибилна намена. Делот за катна гаража е едно евро.
,, Во овој период успеавме да расчистиме 18 парцели кои во иднина би претставувале околу 4.000 паркинг места. Од овие 18 парцели, три се надвор од Скопје, а останатите се во градот. Осум катни гаражи се во градба, за останатите се очекува многу скоро да започне градбата, а веќе четири од нив се изградени. За останатите седум, три од нив, се во постапка на јавно наддавање за градежно земјиште. Покрај оваа локација има една за која во моментов е најавен повик и е во близина на Соборниот храм, а другата е во близина на Собранието на Македонијапосочи министерот Јанакиески.
со ова ќе се обезбеди нов паркинг простор за околу 5.000 возила.