Во историјата се забележани бизарни кражби на делови од тела на познати личности по нивната смрт.
Порталот ,,бркај работа,, пренесува 10 вакви бизарни случаи
1. Пенисот на Наполеон
При аутопсијата на овој Француски лидер, на островот Св. Елена, каде што живеел во изолација до својата смрт, бил пресечен неговиот полов орган и бил прошверцуван надвор од островот. Причината – не позната.
2. Очите на Ајнштајн
Очите на овој научник биле отстранети од офтамологот на Ајштајн, при аутопсијата.
Ги чувал во тегла, покрај својот кревет.
3. Косата на Че Гевара
Долг прамен коса бил исечен од страна на агент од ЦИА, откога Че бил убиен. На аукција, во 2007 година, ова парче коса било продадено за 100,000 долари.
4. Ушите на Бетовен
При аутопсијата на овој познат композитор, од страна на хирургот кој учествувал во аутопсијата, биле украдени ушите, кои потоа никогаш не биле најдени.
5. Главата на Џереми Бентам
Главата на овој филозоф, била украдена од студенти на Универзитетот од Лондон во 1975 година, која тајно се изнајмувала помеѓу студентите, поради непозната причина.
6. Черепот на Џеронимо
Според историските шпекулации, черепот на овој индијански водач, бил украден од тајно здружение на „обожавачи“ коски.
7. Прстот на Галилео Галилеј
Прстот на овој научник, бил украден од некој негов опседнат фан, при откопувањето. Моментално прстот се наоѓа во музеј во Фиренца.
Кралицата на Британија, била погубена по наредба од својот маж кралот Хенри Осми, поради неуспешните обиди да му роди толку посакуван син.
Се шпекулира дека Хенри го откорнал срцето на својата сопруга и го чувал во ковчеже во форма на срце.
9. Коските на Св. Никола
Пирати платени од градот Бари, во 1087 година, биле украдени коските на овој светец, по што бил именува и Свети Никола од Бари.
10. Мозокот на Бенито Мусолини
Владата на САД, по крајот на Втората Светска Војна, го земала мозокот на овој италијански фашистички диктатор, поради „истражување“, и поверојатното, како трофеј.
Бил вратен 21 година подоцна, на вдовицата на Бенито.