Анонимуси го рушат Фејсбук денеска (Видео)


Хакерската група Анонимуси во чест на 5 ти ноември денот на Guy Fawkes денеска ги срушија и упаднаа во сајтовите на PayPal, NBC и Symantec, а во видеото кое го објавиле најавуваат дека ќе го нападнат Фејсбук и игриците Zynga.

Тие тврдат дека компанијата за игри, по најавите за отпуштањето на 1.000 вработени им се заканила дека никој не смее да каже ништо во јавноста за планот на оваа компанија. Анонимуси им се заканија дека сите игри што ги поседува компанијата и ќе им ги објават бесплатно на луѓето.

На The Next Web сајтот тие тврдат дека најлошо во денешните напади минал PayPal каде успеале да ги хакнат серверите на оваа компанија и да украдат 28.000 лозинки, имиња, телефонски броеви од клиенти, кои ги објвиле на интернет но страницата каде ги објавиле многу брзо е блокирана. Од PayPal, се уште не се огласиле за овој напад и кражбата на лозинки.

Анонимуси за 5 ноември денот на Guy Fawkes најавуваат нови напади. Инаку Fawkes во 17 век се обидел да го дигне во воздух британскиот парламент, а носел маска на насмеан човек со мустаќи. Оваа маска подоцна е оживеана во стрипот и филмот ,,V for Vendetta,, а оваа маска и Fawkes се денес симбол на Анонимуси и нивната борба против глобалниот тоталитаризам, државна контрола и против корпорациите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1