Македонскиот судија, Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот од Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Нордсјеланд, информира македонскиот портал 24 фудбал.
Нашиот најдобар судија, Александар Ставрев ќе му суди на Јувентус , а оваа сезона го судеше и натпреварот помеѓу БАТЕ Борисов и Баерн Минхен. Судиската организација при УЕФА е многу задоволна од перформансите на македонскиот судија па се почесто го назначува на големите натпревари.
Линиски судии ќе бидат Дејан Костадинов и Душко Милошевски, дополнителни помошни судии се Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.