Реновирана куќата на Страшо Пинџур во Ваташа


Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур во неговото село Ваташа е целосно реновирана. Извршена е замена на целата покривна конструкција на куќата и помошните простории.

Поставена е вертикална хидроизолација покрај темелите, малтерисани се сите ѕидови, а поставена е и метална ограда на јужната страна на дворот. Реновирањето опфати и промена на старите оштетени врати и фарбање на фасадата, пишува Утрински весник.

Со ова се овозможи зачувување на автентичниот изглед на куќата на народниот херој Страшо Пинџур, која е еден од најпосетените историски споменици во општина Кавадарци. Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур е споменик на културата заштитена со закон. Прв пат таа е адаптирана во музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно реновирана и по повод празникот 7 Септември свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1