Ирански борбени авиони пукале врз невооружено американско беспилотно летало над Персискиот залив, соопшти Пентагон.
Од Пентагон тврдат дека на таканаречениот дрон било стрелано над меѓународните води, а тој во ниту еден момент не го нарушил иранскиот воздушен простор. Им испратија порака дека имаат од дипломатски до воени опции за да ги заштитат своите луѓе и имот во регионот.
,, истрелаа повеќе проектили во леталото и промашија, изјавил портпатролот на Пентагон, Џорџ Литл.
Инцидентот може дополнително да ги засили тензиите кои постојат меѓу двете земји поради спорната иранска нуклеарна програма.