Колку вкупно луѓе живееле на Земјата?


 

На Земјата во моментот живеат 7 милијарди луѓе и оваа бројка секојдневно вртоглаво расте. Како овој број стои во споредба со вкупниот број на луѓе кои живееле на Земјата?


Иако многумина сметаат дека 7 милијарди е најголемата бројка, кога е во прашање човековиот род на планетата Земја, демографите не се согласуваат со ова.
„За време на 80-те години од минатиот век постеле тврдења дека 75% од сите родени луѓе на планетата земја живееле во тој период. Се чини дека и денес многумина веруваат во оваа бројка, поради што барем еднаш месечно ми се јавува некој новинар за да ме праша да ја искоментирам ваквата информација“, изјавил демографот Карл Хауб.
Хауб пресметал дека од вкупниот број на сите родени луѓе на Земјата, во моментов на неа живеат амо 6,5 % од таа бројка. Што значи дека вкупниот број на луѓе кои живееле е значително зголемен од бројот на луѓе кои на планетата во моментов живеат.
По негова проценка, на Земјата живееле 197,7 милијарди луѓе.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1