Џихадистот од Египет Мурган Салем ел Гохари повика на уништување на Сфингите и пирамидите во Гиза во Египет. Исламското учење налага да се уништат идоли, вели Ел Гохари.
Салем ел Гохари, тврди дека е поврзан со талибаните, за време на интервју на египетската телевизија Дрим Ел Гохари конкретно упати повик до муслиманите да ги “уништат идолите” во Египет, конкретно, пирамидите и Големата Свингу, јавува Eл Арабија Њуз.
“Бог му нареди на пророкот Мухамед да ги уништи идолите. Кога бев со талибаните уништивме статуа на Буда во Авганистан, што владата таму пропушти да го направи”, изјавил исламистичкиот лидер.
Јерусалим пост од Министерството за внатрешни работи добил информација дека разговарале за Ел Гохари и ќе превземат мерки како би спречиле кршење на законот и злоупотреба на јавната своине и националното богатство. Во времето додека Хосни Мубарак беше претседател на Египет, Ел Гохари два пати беше осудуван за заговарање на насилство.