Жена проголтала 51 наполенти кондоми со хероин – била фатена на официјалните лица на канадски аеродром
Царинските службеници на меѓународниот аеродром во Ванкувер соопштија дека успеале да откријат жена која што се обидела да прошверцува хероин наполнет во кондоми. Со цел да помине незабележано жената чие име не било откриено во јавноста ги проголтала кондомите.
Настанот се случил на 6 ноември, откако поради болки во стомакот од лошо варење жената била префрлена во болница. Таму болничките X зраци ги откриле кондомите исполнети со хероин во нејзиниот организам. Хирурзите биле во можност успешно да ги отстранат од нејзе, но предупредиле дека доколку ненавремено интервенирале жената би можела да умре.
„Внесувањето на наркотични средства во организмот со цел да се избегне детекција е практика која е крајно опасна за човечкиот живот, без разлика на тоа колку истата е добро спакувана“, изјавил Никол Гудман шефот на луѓето за изведување и откривање на ваквите специјални операции. Според медиумите ова било трет обид во период од три дена да се обиде некој да прошверцува дрога на овој аеродром.