Лекот Тамифлу е ефикасен, а на декларациите јасно се наведени сите несакани ефекти, тврдат од компанијата производител Roche. Според нив извештајот на групата Cochrane Collaboration, која обвини дека Roche не навела точно кои несакани дејства ги предизвикува и побара одговорност од производителот, бил правен врз основа на клиничките студии спроведени за првичната апликација за регистрирање на лекот.
Неодамнешното барање од страна на Cochrane Collaboration групата со кое се повикува на бојкот на лековите од Roche е неодговорно и против интересите на пациентите, се вели во соопштението од Roche.
Ви го пренесуваме соопштението во целост кое се однесува на текстот „Неопходниот лек“ Тамифлу е немоќен во борбата против грип тврдат експертите
.
Ние во Roche, се фокусираме на истражување, развој и производство на лекови за сериозни и опасни по живот болести во областите каде постои незадоволена медицинска потреба. Веќе подолго од еден век, лековите на Roche обезбедуваат витален бенефит за пациентите и општествата во светот. Roche инвестира над 8 милијарди швајцарски франци годишно, за да открие и развие нови лекови во пет медицински области: онкологија, воспалителните болести, нарушувања на метаболизмот, заразни болести и невролошки заболувања. Само во 2011 година, 21 милиони пациенти имаа бенефит при лекувањето со нашите лекови.
Благодарение на оваа посветеност, многу од нашите лекови во глобалната медицинската заедница се сметаат како стандард на нега за сериозни или опасни по живот болести, вклучувајќи и многу видови на рак. Навистина, некои од нашите лекови овозможија одредени видови на рак да се третираат речиси како хронични болести. Дваесет лекови развиени од страна на Roche се вклучени во листата на основните лекови на Светската здравствена организација, лекови кои СЗО смета дека секогаш треба да бидат достапни за задоволување на основните здравствени потреби. Меѓу нив се лекови кои придонеле за спасување на многу човечки животи, а спаѓаат во групата на: антибиотици, антималарици и хемотераписки лекови.
Roche смета дека повикот од страна на членот на Cochrane Collaboration групата за бојкот на вакви лекови кои придонеле за спасување на многу човечки животи е крајно неодговорен. Таквите изјави не ги земаат предвид милионите пациенти ширум светот кои имаат корист од нашите лекови секојдневно, лекарите кои донесуваат стручни одлуки засновани на стручни информации за изборот на терапија и здравствените власти кои ги одобруваат лековите за употреба во здравството.
Надлежност на глобалните здравствени власти е да ги разгледаат и ревидираат деталните информации за лекови при оценувањето на нивните предности и ризици. Компанијата Roche секогаш се однесува во согласност со законските и регулаторните барања кои се однесуваат на процесите за одобрување на лековите ширум светот и во сите случаи на здравствените власти им ги доставува податоците што ги бараат за нивните прегледи. Компанијата Roche и понатаму останува посветена на транспарентност во комуникацијата и ширење на информации за клиничките студии и за други истражувачки и развојни активности кои се спроведуваат во текот на животниот циклус на нашите лекови.
За Tamiflu
Roche стои зад цврстината и интегритетот на нашите податоци кои се однесуваат на ефикасноста и безбедноста на Tamiflu. Во текот на изминатата деценија Tamiflu беше користен за лекување и спречување на грип кај 90 милиони луѓе – вклучувајќи ги речиси 20 милиони деца – во повеќе од 80 земји во светот. Бројни клинички испитувања и секојдневното медицински искуство покажаа дека Tamiflu е ефикасен во намалување на сериозноста и времетраењето на симптомите на грип, како и за одредени секундарни компликации.1-11 Клиничките студии покажуваат дека тој е добро толериран во најголем дел случаи.1, 2,7 Како и сите лекови, Tamiflu може да има несакани ефекти и тие се наведени во Информациите за препишување на лекот, односно во Збирниот извештај за особините на лекот.
Важно е да се напомене дека прегледот на Групата Cochrane Collaboration е правен врз основа на клиничките студии спроведени за првичната апликација за регистрирање на лекот. По пандемијата на H1N1″свински грип” во 2009 година огромното количество на добиени нови податоци обезбеди дополнителна потврда дека Tamiflu е ефикасен и добро се поднесува, го намалува ризикот од компликации,бројот на пациенти на кои им е потребен прием на интензивна нега, должината на престојот во болница и ја подобрува шансата за преживување.10 -14 Клиничките податоци, исто така, покажуваат дека третманот со Tamiflu е поврзан со значително подобрување во преживувањето кај луѓето инфицирани со инфлуенца А (Н5N1) тн „ птичји грип“ 15 Анализата на најголемата колекција во светот на случаи инфицирани со (Н5N1) покажува значително намалување на морталитетот поврзан со употребата на Tamiflu .