„Фестивал на најдобрата песна на светот“ во Битола и Охрид


За првпат идната година, во Битола и Охрид, ќе се одржи „Фестивал на најдобрата песна на светот“.

Во овој избор ќе учествуваат 50-те нај доброрангирани песни од целиот свет, постирани на веб порталот WorldSings.com (по 25 на двете полуфинални вечери и во финалето 20 со најголем број освоени гласови), од сите жанрови на забавната популарна музика.

Организатори на фестивалот се „WorldSings.com“ од САД и „Била ентертемент“ од Битола. Фестивалот доби поддршка од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, Министерството за култура, општина Охрид и од други државни институции.

Фестивалот покрај избор на најдобра песна на светот, има за цел да ја промовира Македонија и градовите Битола и Охрид, како атрактивни туристички дестинации, образовни, културни, економски и историски центри во Југоисточниот дел од Европа.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1